Jump to Navigation

Почитувани посетители,

Добредојдовте на интернет страницата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Овде ќе добиете корисни информации, кои ќе ви помогнат да се запознаете со работата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи и нејзината организациона поставеност.

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, и со неа раководи Директор кој е именуван  од Владата на Република Македонија.

За работата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи Директорот одговара пред Владата на Република Македонија.

Примарната цел на оваа Агенција е вршење на управни, стручни и развојни работи поврзани со акредитацијата на работата на здравствените установи и унапредување на квалитетот на здравствената заштита во здравствените установи од секундарно и терциерно ниво.

Агенцијата за квалитет и акредитација започна со својата работа во јули 2014 година, и е основана согласно Законот за здравствена заштита, односно посебните членови кои го регулираат работењето на Агенцијата.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Page | by Dr. Radut