Jump to Navigation

Учеството на вториот симпозиум за МБД, 4-от за HTA и првиот евроазиски форум за HTA, Анкара, Република Турција

Во периодот 12-13 март 2015 година во Анкара, Република Турција се одржа "2nd EBM Symposium and 4th National HTA Forum" и “1st Eurasian Health Technology Assessment Forum” на кој беа поканети Директорите на Агенциите за акредитација, експертите од областа на Проценка на здравствената технологија и практикувањето на медицина базирана на докази.

 

За време на симпозиумот беа одржани предавања од локални експерти но и од експерти од развиените европски земји (Холандија, Велика Британија, Германија, Франција). Во попладневните сесии беа организирани групни работилници со поканетите гости од регионот и Европската унија, со цел воспоставување на здравствена мрежа во регионот преку која би се разменувале информации, тренинг програми и едукативни тренинзи, во интерес на поинтензивна имплементација на медицината базирана на докази во секојдневната работа со цел подобрување на квалитетот на здравствената заштита. Направена беше SWOT анализа на оваа состојба во регионот и подалеку, со цел да се идентификуваат достапните ресурси како и потребите за одржливост на ваква регионална соработка.

 

Двата настани поминаа во извонредна работна и конструктивна атмосфера, со очекување на имплементација на донесените заклучоци.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-985 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut