Jump to Navigation

Присуство на стручен семинар на тема „Денови на квалитет во здравството“ во Сарајево, Р.Босна и Херцеговина

На покана на Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација во здравството (АКАЗ) д-р Ахмед Ново, претставници од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи на Република Македонија, проф.д-р Елизабета Зисовска, и м-р Едита Исахи, присуствуваа на стручен семинар на тема „Денови на квалитет во здравството“ во Сарајево, Република Босна и Херцеговина во периодот 15-16 декември 2014 година.

 

Стручниот семинар траеше два дена, при што првиот ден се состоеше во презентација на регионалните Агенции за квалитет и акредитација како што се АЗУС од Република Србија, Република Црна Гора, Република Босна и Херцеговина и Република Македонија. Целта на презентациите беше присутните да се запознаат со хронолошкиот развој на тие институции од моментот на основање до денес, со нивната дејност и досегашните резултати на нивото работење. Работата на АКАЗУМ беше презентирана од страна на проф д-р Елизабета Зисовска, која на еден опсежен и концизен начин ја образложи потребата од формирање на една таква институција во Република Македонија, укажа на сите околности и потешкотии со кои се справува Агенцијата во почетокот на нејзиното формирање, и ги елаборираше предизвиците, целите, визијата  и мисијата на работењето на оваа институција во иднина.

 

Како заклучок од оваа посета е дека семинари од овој вид се од огромно значење поради фактот на размена на меѓуинституционални искуства, меѓусебна соработка со цел детектирање на проблемите со кои се соочуваат институциите од овој вид и воспоставување на контакти за идна соработка.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-545 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut