Jump to Navigation

Учество во надворешното оценување на Клиничката болница "Др Драгиша Мишовиќ" во Белград

На покана на Директорката на Агенцијата за акредитација на Република Србија д-р Снежана Маниќ, во надворешното оценување на Клиничката болница „Др Драгиша Мишовиќ“ учествуваа Директорката проф. д-р Елизабета Зисовска и Лирим Исахи од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.

 

На ден 29.10.2014 на покана на Директорката на Агенцијата за акредитација на Република Србија д-р Снежана Маниќ, проф. д-р Елизабета Зисовска и Лирим Исахи како претставници од АКАЗУМ учествуваа во процесот на надворешно оценување на  Клиничката болница „Др Драгиша Мишовиќ“. Од аспект на собирање на искуство за процесот на акредитација и евалуација на здравствените установи, учеството во надворешното оценување беше од огромна важност за АКАЗУМ.

 

Воедно, ова даде и практично значење на посетата со оглед на тоа што процесот на акредитација во Република Македонија e во почетна фаза.

За време на посетата се обиколија сите единици на оваа голема клиничка болница, се направи увид во документацијата и се присуствуваше на интервјуата со пациентите, вработените и фокус групите.

На крајот на секој евалуационен ден, имаше можност за учество во давање на заедничка оценка заедно со тимот за надворешно оценување при што се усогласуваа впечатоците и оценувањето.

 

Од посетата беше заклучено дека ваквите активности е потребно да се спроведуваат и во Република Македонија, од причина што постапката на надворешно оценување е една од клучните активности во процесот на акредитација на здравствените установи.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-545 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut