Jump to Navigation

Посета на тренинг обуката за мониторинг и евалуација International Program for Development Evaluation Training (IPDET)

Во периодот 08-18 јуни 2015 година Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација ја посети тренинг обуката за мониторинг и евалуација International Program for Development Evaluation Training (IPDET) каде што се стекна со нови сознанија за процесот на мониторинг и евалуација.

 

Обуката беше наменета за професионалци на менаџерски позиции кои во својата работа имаат потреба од евалуација на функции, процеси, програми и проекти.  За Агенцијата тоа е од извонредно значење имајќи во предвид дека после првиот циклус на акредитациони постапки, ќе биде од голема важност да се спроведе процес на евалуација за влијанието на акредитацијата врз вкупното унапредување на здравјето. Познавањето на методите на континуиран мониторинг пак е важно во секојдневните активности, дури и во тек на припремата на болниците.

 

Во работните групи Агенцијата беше претставена со свои прашања од интерес кои бараат дизајн на Теорија на промени, што ќе биде имплементирано во натамошната нејзина работа.

Македонија се вброи како една од 74-те земји учеснички, што покажува дека претставува земја кои во своите програми вклучува транспарентен метод на мониторинг и евалуација.

 

Предавањата беа одржани од реномирани стручњаци во областа на мониторингот и евалуацијата, како Linda Morra Imas, Ray Rist и Jose Galdo, кои се овластени предавачи на Светска банка.

Тренинг обуката беше комплетирана со завршен испит после што учесниците се стекнаа со светски признат Сертификат за спроведување на мониторинг и евалуација.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-545 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut