Jump to Navigation

TAIEX работилница за координатори на квалитет во болниците

Во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, во организација на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и во соработка на Министерството за Здравство на Република Македонија, беше одржана TAIEX  работилница, финансиски поддржана од експертската мисија на Советот на Европа од Брисел.

Од 01-03.09.2014 година во просториите на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје во организација на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и во соработка на Министерството за Здравство на Република Македонија, беше одржана првата TAIEX  работилница, финансиски поддржана од експертската мисија на Советот на Европа од Брисел. Работилницата беше наменета за Координаторите на Комисиите за следење и унапредување на квалитетот во рамки на здравствените установи, од 15 најголеми болници на Република Македонија. Целта  на оваа работилница  беше да се изврши обука на партиципантите и знаењето и вештините да ги пренесат на останатите вработени во матичните установи, на членовите на внатрешните  комисии  за управување со квалитетот и подобрувањето на здравствената заштита во болниците како и да ја разберат суштината на следење на индикаторите за квалитет, болничките стандарди, нивното мониторирање и евалуација.

Работилницата ја објаснува важноста на имплементацијата на стандардите и процесот на акредитација во однос на безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствената грижа, давајќи препораки за тоа како да се спроведат националните стандарди, да користат расположливи ресурси, собираат информации и да спроведат самопроценка  и на тој начин да бидат подготвени за надворешно оценување.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut