Jump to Navigation

TAIEX работилница за надворешни оценувачи

Во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, во организација на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и во соработка на Министерството за Здравство на Република Македонија, беше одржана TAIEX работилница, финансиски поддржана од експертската мисија на Советот на Европа од Брисел.

Од 02-07.11.2014 година во просториите на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје во организација на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи и во соработка на Министерството за Здравство на Република Македонија, беше одржана TAIEX  работилница, финансиски поддржана од експертската мисија на Советот на Европа од Брисел. Уцесници беа апликантите за надворешно оценување во процесот на акредитација на здравствените установи во Република Македонија. Целта на оваа работилница беше да се изврши првична обука на избраните апликанти за суштината на процесот на акредитација, да се направи преглед на сите фази од овој процес, со цел разбериња на значењето на акредитацијата и деталното известување.

Работата во групи им овозможи на учесниците да се здобијат со оценувачки способности, а со цел да ги зацврстат нивните капацитети за изведување на правилно оценување и пренос на нивното знаење и способности на идните апликанти.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-985 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut