Jump to Navigation

Обука на координатори за следење и унапредување на квалитот на здравствената заштита во рамките на здравствените установи од секундарно и терциерно ниво

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи одржа обука на координаторите за следење и унапредување на квалитот на здравствената заштита во рамките на здравствените установи од секундрарно и терциерно ниво.

На ден 26-27.01 2015 год. во просториите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи беа одржани обуки со Координаторите на Комисиите за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита во рамките на здравствените установи од секундарно и терциерно ниво.

Обуките беа фокусирани пред се на презентирање на следните области:

  1. Хронолошки развој на постапката на акредитација
  2. Припрема на болниците за постапката за акредитацијата
  • начин на внатрешно организирање на ЗУ за процесот на акредитација -
  •  подготвување на документи
  • пишување на процедури
  • имплементација на процедури
  1.  Процес на реализација на постапката на самооценување
  2.  Постапка на надворешно оценување
  3. Разгледување на примери на процедури и дискусија

Обуките беа спроведени во четири групи и на истите беа присутни претставници од универзитетските клиники, клиничките болници, општите болници и специјалните болници.

Презентациите беа реализирани од проф.д-р Елизабета Зисовска, директор на Агенцијата, Лирим Исахи и Едита Исахи, вработени во Агенцијата.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-985 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut