Jump to Navigation

Учеството на работилницата за изработка на стандарди во породилиштата

Во периодот 15-16 септември 2014 година во Белград се одржа Регионална работилница организирана од страна на УНИЦЕФ Србија и Агенцијата за акредитација на здравствените установи од Србија на тема „Развој на акредитациони стандарди во породилиштата и неонаталните одделенија“.

На работилницата Агенцијата за квалитет и акредитација во здравствените установи во Република Македонија (АКАЗУМ) ја претстави директорката проф д-р Елизабета Зисовска, преку презентација за активностите на полето на развој на стандарди, принципи, цели, визија и мисија. Исто така беа претставени досегашните постигнувања на државата на полето на унапредување на здравјето на мајката и детето. Беа реализирани и многу средби со колеги од другите Агенции од регионот и споделени меѓусебните искуства.

Со свое излагање на присутните им се обрати и д-р Снежана Маниќ, директор на Агенцијата за акредитација на здравствени установи на Република Србија, која говореше околу улогата и дејноста на агенцијата и нејзината водечка позиција во здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и неопходната потреба за вклучување и интензивирање на меѓуинституционалната соработка во областа на квалитетот на сите субјекти кои директно се вклучени во областа на квалитет и акредитација. Воедно, на работилницата беа претставени два модели на акредитациони стандарди: на АКАЗ од Федерација Босна и Херцеговина и од друга страна на УНИЦЕФ во соработка со Агенцијата АЗУС од Србија. После теоретските предавања се премина кон групна работа на разгледување на моделите и изработка на драфт модел на акредитациони стандарди.

Работилницата помина во многу конструктивна атмосфера со донесување на заклучоци за понатамошно рафинирање на донесените предлози за развој на акредитационите стандарди за породилиштата и неонаталните одделенија во регионот.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut