Jump to Navigation

Учеството на вториот конгрес по Превентивна Педијатрија на тема „Медицина базирана на докази“

Во периодот од 3-5 април 2015 година во Крагуевац, Република Србија, се одржа вториот конгрес по Превентивна Педијатрија на тема "Медицина базирана на докази" на кој беа поканети и вработени од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Македонија, каде како поканет предвач беше проф д-р Елизабета Зисовска, директор на Агенцијата.

На конгресот по Превентивна Педијатрија учество зедоа експерти од областа на практикувањето на медицина базирана на докази во педијатријата. Предавања имаше од локални експерти, и предавачи од странство.

Учесниците покажаа големо познавање и интерес за развој на методите за изработка на систематични прегледи, интерпретацијата на резултатите од мета-анализи, се со цел подобрување на клиничката пракса согласно принципите на медицината базирана на докази.

Во една работна атмосфера беа донесени повеќе заклучоци за интензивирање на регионалната соработка и унапредување на клиничката пракса.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-545 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut