Jump to Navigation

Учеството на регионалната работилница организирана на тема „Безбедност на пациентите и несакани случувања“

Во период од 21-24 Декември 2014год. во Подгорица-Црна Гора беше одржана дводневна Регионална работилница организирана од страна на ТAIEX. На покана од организаторите присуствување Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ), со оглед на важноста на темата- „Безбедност на пациентите и несакани случувања“.

На работилницата, во име на Агенцијата за квалитет и акредитација во здравствените установи во Република Македонија беше претставен системот на регистрирање, пријавување и менаџирање на несаканите случувања во болниците, и процесот на воспоставување на систем за превенција од истите. 

Со свое излагање на присутните им се обрати и д-р Сања Симовиќ, помошник министер во рамките на министерството за здравство на Црна Гора.

Предавачите беа од Италија, Австрија, Холандија и Словенија, експерти во оваа област гледано од различни аспекти: здравствен, правен и етички.

Беа реализирани и многу средби со колеги од другите Агенции од регионот и споделени меѓусебните искуства.

Работилницата помина во многу конструктивна атмосфера со донесување на заклучоци за понатамошно унапредување на системот на регистрирање, пријавување и менаџирање на несаканите случувања во болниците, и процесот на воспоставување на систем за превенција од истите. 



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-545 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut