Jump to Navigation

Извештај за учеството на регионалната работилница под покровителство на TAIEX (Multi-Country Workshop) за мониторинг на НЗБ, и нееднаквостите во пружањето на здравствената заштита во врска со НЗБ со дефинирање на сет на индикатори

Во период од 29-30 Јануари 2015, во Подгорица-Црна Гора беше одржана дводневна Регионална работилница организирана од страна на ТAIEX на тема за подобрување на квалитетот на здравствената заштита во областа на НЗБ кои се водечка причина за смрт на населението. На оваа Работилница беше поканета  Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи проф. д-р. Елизабета Зисовска.

На работилницата, Директорката на АКАЗУМ Зисовска во својата презентација го претстави системот на идентификација, регистрирање и мониторинг на индикаторите за здравје и болест од областа на НЗБ. 

Со свое излагање на присутните им се обратија и претставници од Министерството за здравство на Црна Гора.

Предавачите беа од Словенија, Бугарија, Романија и Хрватска, експерти во оваа област, кои ги изнесоа своите мислења  гледано од различни аспект и различен здравствен систем. Беа реализирани и многу средби со колеги од другите Агенции од регионот и споделени меѓусебните искуства.

Атмосферата беше конструктивна, со краен заклучок да се донесе унифициран прашалник за состојбата со мониторингот на НЗБ во секоја земја, кој ќе се сподели и пополни после завршувањето на работилницата.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-985 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut