Jump to Navigation

Оглас за пројавување на интерес за обучување на надворешни оценувачи

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи има потреба од кандидати кои ќе ги

обучува за надворешно оценување во процесот на акредитација.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат долунаведените критериуми, да ги достават своите апликации во електронска форма на меил maja.katranuseska@zdravstvo.gov.mk  или во пишана форма во просториите на Агенцијата, на адреса: Бул. „Гоце Делчев“ број 8, зграда МТВ/спрат 13, поштенски преградок 115.

Потребни профили:

  1. Доктори специјалисти од сите специјалности                                         15
  2. Медицински сестри, акушерки, медицински техничари                           15
  3. Придружни специјалности (правник, економист, психолог, социолог, социјален работник, експерт по јавно здравје или здравствен менаџмент, машински инжењер)       15

Општи услови:

-најмалку 5 години работно искуство во јавна здравствена установа

-познавање на процесот на акредитација

-предност ќе имаат кандидатите кои се дел од тимовите за припрема на матичната здравствена установа за акредитација

 

Потребни документи за апликација:

-Пополнет формулар за апликација достапен на веб страната на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (www.akazum.gov.mk)

-Биографија

-Доколку има, доказ за учество во тим за припрема на болницата за акредитација

 

Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 31.03.2016 година

 

Превземи формулар за апликација



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut