Jump to Navigation

Симпозиум на тема “Дезинфекција и стерилизација согласно стандарди” во Охрид, Р.Македонија

На ден 29,30-05.2015 год. во Охрид, Р.Македонија, под покровителство на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Р.Македонија беше одржан Првиот Интернационален Симпозиум на тема „Дезинфекција и стерилизација согласно стандарди“. На покана на организаторот од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи на Република Македонија присуствуваа тројца претставници: проф.д-р Елизабета Зисовска, директор на АКАЗУМ, и стручните соработници Лирим Исахи и  м-р Едита Исахи.

На симпозиумот присуствуваа високи претставници од Светскиот форум за дезинфекција и стерилизација и претставници од низа други професионални тела и организации.

Симпозиумот траеше два дена, при што првиот ден претставниците од АКАЗУМ учествуваа со две нивни стручни предавање на тема: „Значењето на акредитацијата во квалитетот на услугите во здравството во Република Македонија“, презентирана од страна на проф. Е.Зисовска и „Стандардите за акредитација во областа на стерилизацијата“, презентирана од страна на Л.Исахи. Целта на презентациите беше присутните да се запознаат со хронолошкиот развој на процесот на акредитација и развој на стандардите за акредитација во Република Македонија со посебен осврт на стандардите кои се однесуваат на областа стерилизација.

На крајот беа доделени и сертификати на учесниците на симпозиумот.

По однос на горенаведеното овој вид на стручните семинари е од огромно значење поради фактот на размена на меѓуинституционални и меѓународни искуства, меѓусебна соработка со цел детектирање на проблемите со кои се соочуваат институциите од овој вид и од областа дезинфекција и стерилизација и воспоставување на контакти за идна соработка со цел да се биде во чекор со актуелните трендови од конкретната областа и нивно соодветно имплементирање на национално ниво.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/3120-985 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut