Jump to Navigation

Регионалната техничка консултација во Tbilisi, Грузија

На покана на UNFPA, директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи проф. Д-р Елизабета Зисовска зеде учество во Регионалната техничка консултација во Tbilisi, Грузија. Настанот е на тема:ревизија и изработка на нова стратегија за репродуктивно здравје, со фокус на подобрување на квалитетот на здравствената заштита.

Во текот на Регионалната техничка консултација е дискутирано за можностите за подобрување на квалитетот на Здравствената заштита  на оваа вулнерабилна популација, каде што се донесени конструктивни заклучоци кои беа специфични за сите земји учеснички.

На состанокот имаше присутен претставник од Министерството за здравство и од УНФПА Македонија. Очекувањата од овој настан се дека сите земји ќе земат активно учество во работата на националните стратегии.

 



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut