ПРИРАЧНИЦИ

Со цел унапредување на процесот на акредитација и давање на стручна помош на учесниците кои го спроведуваат овој процес, АКАЗУМ издава прирачници, водичи и други едукативни материјали. За таа намена АКАЗУМ досега има издадено:

Водич за самооценување – наменет за едукација на вработените во здравствените установи носители на процесот за акредитација (тимовите за самооценување, координатор за акредитација) за успешна подготовка на здравствената установа за акредитација и соодветно спроведување на постапката за самооценување.

Прирачник за надворешни оценувачи – наменет за надворешните оценувачи како едукативен материјал кој ќе им помогне за правилно спроведување на постапката на надворешно оценување.