Индикаторите за квалитет претставуваат квантитативен инструмент кој се користи за следење и евалуација на квалитетот на негата и лекувањето на пациентите, како и за поддршка на активностите за здравствена заштита.

Индикаторите можат да се користат за проценка на достигнувањата во однос на зададени цели поврзани со унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Сетот на индикаторите за болничките здравствени установи се состои од индикатори за:

  • Болничката установа во целина
  • Педијатрија
  • Гинекологија
  • Хирургија
  • Интернистички гранки

Во рамки на овој сет има и индикатори за безбедност на пациенти, како и индикатори за задоволство на корисниците на услугите на здравствената заштита и задоволство на вработените.