ВИЗИЈА

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи претставува водечка институција во процесот на следење на квалитетот на здравствената заштита, и еден од клучните aктери во здравствениот систем на Република Македонија кој допринесува во континуираното унапредување на квалитетот на здравствената заштита, а во интерес на безбедноста на пациентите и благосостојбата на сите граѓанина Република Македонија. Посебна задача на Агенцијата е да обезбеди постапка на акредитација на здравствените установи и да допринесе за поголема ефикасност на здравствениот систем.

 

МИСИЈА

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи обезбедува квалитет и безбедност во здравствената заштита преку процесот на акредитација и реакредитација на здравствените установи. Ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита во здравствените установи, прави проверка на имплементацијата на стандардите и дава стручна помош на здравствените установи за успешна припрема до постапката на надворешно оценување и следењето на одржувањето и унапредувањето на здравствената заштита пoсле акредитацијата.

 

ПРИНЦИПИ

Работата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи се заснова врз следните принципи:

  • Потполна посветеност на потребите на пациентите и здравствениот систем;
  • Усогласеност со највисоките етички стандарди на транспарентност, почитување, интегритет, ефикасност и ефективност;
  • Стремеж за постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита, фокусирана на пациентот, неговото семејство и најблиското опкружување;
  • Постојано унапредување на знаењето и вештините на сите вработени