Стандардот претставува посакувано ниво на квалитет на работата на здравствени установи,наспроти кој се мери реалниот учинок односно квалитет.

Стандардите мора да бидат јасно дефинирани,објективни,мерливи,применливи и базирани на докази. Тие можат да се однесуваат на структурата, процесот и резултатите.

АКАЗУМ досега има развиено стандарди за болничките здравствени установи кои се усвоени од страна на Влада на Република Македонија во 2015 година.

Актуелно АКАЗУМ работи на процесот на развој и изработка на стандарди за акредитација на породилишта и за акредитација на ординации.