Доделување на сертификат за акредитација на ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни и фебрилни состојби-Скопје

09.11.2023

Вд. Директорот на АКАЗУМ, Фуркан Болеци присуствуваше на церемонијата на доделување на сертификатот за акредитација на ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни и фебрилни состојби-Скопје и истиот им беше врачен на директорите на установата, Медицинскиот Директор, Прим. Асс. д-р. м-р. Милена Стевановиќ и на организацискиот Директор, Доц. д-р. Мирјана Пехчевска Поп-Илиев. Во текот на месец септември беше извршено надворешно оценување на ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни и фебрилни состојби-Скопје, како дел од процесот на акредитација и притоа  истата се стекна со акредитација со времетраење од три години.

Галерија