Упатства 10

Како што е потребно оценувањето на квалитетот на упатството исто така е потребна и проценка на организациите кои учествуваат во развојот на упатствата. Постоечките упатства се разликуваат и по квалитет и по способноста на авторите да ги надградат упатствата со нови методи и содржини.

Со текот на времето на AGREE инструментот се покажа дека му беа потребни одредени измени со цел да биде покорисен  и попрактичен за потенцијалните корисници. Поради ова одреден број на членови од Меѓународната колаборација AGREE формира нов тим наречен Конзорциум на следни чекори (Next Steps Consortium).

Целите на новиот конзорциум се да продолжат да го подобруваат инструментот за проценка на упатството, вклучувајќи ја и неговата сигурност и кредибилитет, усовршување на потребите на потрошувачите и подобрување на неговата документацијата. Како резултат на сево ова беше создаден нов инструмент AGREE II кој исто како претходниот беше организиран во 23 прашања и шест поглавја.

Упатства 11

Новата верзија на инструментот има за цел да ја процени јачината на моќ и транспарентност на дадените упатства и подобрување на здравствената заштита.