Jump to Navigation

За нас

ВИЗИЈА

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи претставува водечка институција во процесот на следење на квалитетот на здравствената заштита, и еден од клучните aктери во здравствениот систем на Република Македонија кој допринесува во континуираното унапредување на квалитетот на здравствената заштита, а во интерес на безбедноста на пациентите и благосостојбата на сите граѓанина Република Македонија. Посебна задача на Агенцијата е да обезбеди постапка на акредитација на здравствените установи и да допринесе за поголема ефикасност на здравствениот систем.

 

МИСИЈА

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи обезбедува квалитет и безбедност во здравствената заштита преку процесот на акредитација и реакредитација на здравствените установи. Ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита во здравствените установи, прави проверка на имплементацијата на стандардите и дава стручна помош на здравствените установи за успешна припрема до постапката на надворешно оценување и следењето на одржувањето и унапредувањето на здравствената заштита пoсле акредитацијата.

 



ПРИНЦИПИ

Работата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи се заснова врз следните принципи:

Потполна посветеност на потребите на пациентите и здравствениот систем;

Усогласеност со највисоките етички стандарди на транспарентност, почитување, интегритет, ефикасност и ефективност;

Стремеж за постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита, фокусирана на пациентот, неговото семејство и најблиското опкружување;

Постојано унапредување на знаењето и вештините на сите вработени.

 

ОСНОВАЊЕ

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Македонија е основана во јули 2014 година, според Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012; 145/2012; 87/2013; 164/2013, 39/2014 и 43/14),

Член 241

(1) Завршење на управни, стручни и развојни работи на акредитација на работата на здравствените установи се формира Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи (во натамошниот текст: Агенцијата), како самостоен орган на државната управа.

(2) Агенцијата има својство на правно лице.

(3) Со Агенцијата раководи директор, кој го именува и разрешува Владата.

Член 242

Агенцијата ги врши следниве работи:

Развива систем за акредитација усогласен со европската и меѓународната пракса од оваа област;

Спроведува едукација од областа на квалитетот на здравствената заштита и акредитацијата;

Утврдување на стандарди за акредитација на здравствените установи;

Процена на квалитетот на укажаната здравствена заштита на пациентите;

Акредитација на здравствените установи;

Рангирање на здравствените установи;

Издавање на сертификат за акредитација (во натамошниот текст: сертификат) и водење евиденција за издадените сертификати и

Врши и други работи од областа на квалитетот на здравствената заштита и акредитација во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Со Решение на Владата на РМ број 24-5151/1 од 27.06.2014 година завршителна должноста Директор на Агенцијата е именувана д-р мед спец. Елизабета Зисовска.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut