Директорот на АКАЗУМ во официјална посета на Република Турција

09.11.2023

Во периодот од 23 до 25 октомври Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи , Фуркан Болеци беше во официјална посета на Република Турција.

При посетата беа остварени  официјални посети во Министерството за здравство на Република Турција, како и беше одржан состанок во Коџаели со здравствениот директор др. Јуксел Пехлеван.

Исто така при посетата се одржа и состанок со Претседателката на Институтот за квалитет и акредитација при Министерството за Здравство  на Република Турција (TÜSKA) Проф. Др. Фиген Чизмеџи Шенел и  генералниот секретар проф. Др Ибрахим Кајрал и притоа се разговараше  за состојбата на здравствените установи во Северна Македонија и Република Турција како и можноста за остварување на меѓу институционална  соработка во областа на квалитетот и акредитацијата.
За време на посетата беше  одржан  состанок и  со генералниот секретар на Турската  агенција за акредитација (TÜRKAK) Бану Мудеррисоглу. Состанокот беше одржано во канцелариите на (TÜRKAK) каде што се  разговараше за можностите за соработка меѓу двете институции.
 

Галерија