Историја за квалитет

istorija kvalitet

Заложбите да се обезбеди квалитетно лечење и грижа за пациентите, како и да се постигнат подобри резултати за здравјето на пациентите се стари колку и самата медицина. Меѓутоа организираните напори за оценување и унапредување на квалитетот на работата во системот на здравствена заштита се од понов датум.

Историјат 2

Рана фаза

Помеѓу тие кои дале значаен придонес во раните фази на оваа област се истакнува Игнас Семелвис, акушер од 19 век кој ја потенцирал важноста на миењето раце од страна на медицинскиот персонал.

Подоцна Ернест Кодман, хирург кој преставувал пионер за креирањето на болничките стандардите и ги потенцирал и имплементирал стратегиите за проценка на резултатите од здравствената заштита. Исто така Ли и Џонс кои во 1933 год. го објавуваат капиталното дело "Основите на добрата медицинска пракса”.

Историјат 3

Напредок

Во текот на изминатиот половина век се направени значајни напори за подобрување на квалитетот на здравствената заштита. Значителни напори се направени од страна на академското движење за квалитет на здравјето.

Ваквите напори беа лансирани преку серија на апстракти во кој се однесуваа на реинжинеринг и реконструкција на системите за здравствена заштита, идентификација на медицинските процеси кои влијаат на здравјето на пациентите, надградување на добрите перформанси, подобрување на методите на мониторинг и проценка на перформансите, примена на алатките за брзо развивање на квалитетот, јавен пристап на податоците за квалитет и слично.

Историјат 4

 

Аведис Донабедиан

Во областа на квалитетот на здравствената заштита, најголемиот придонес при крајот на 70-те години од минатиот век го дава Аведис Донабедиан од Харвард. Неговата активност ја опфаќа систематизацијата, категоризацијата и критичката евалуација на знаењата од областа на оценување и обезбедување на квалитет, како на теоретски и концепциски план така и од аспект на развивање на инструменти за проценка на квалитетот. Тој прв ја спроведува споредбата помеѓу здравствената заштита што се дава и таа која се очекува, врз основа на дефинирани стандарди како инструменти за  мерење.

Историјат 5

Здравје за сите

По тоа следува здравствената регулатива, најнапред во САД во 1972 год. усвоен е закон со кој се регулира прашањето на формирање на организации за развивање на професионални стандарди и контрола на квалитет во здравствените установи.

Во Европа активностите за обезбедување на квалитет се интензивираат по усвојување на програмата „Здравје за сите" од страна на СЗО и определување на специфичните цели во врска со унапредување на квалитетот. Од тогаш, активностите и механизмите за обезбедување и унапредување на квалитет се повеќе и повеќе се множат.

Историјат 6

Историски традиции

Модерното движење од тогаш се трансформираше се со цел за да опфати поширок спектар на засегнати страни, голем број на уникатни и модифицирани пристапи преку развивање на цели за развој.

Постојат три историски традиции кои имаат влијание на еволуцијата на квалитетот на здравствена заштита кои илустрираат изолацијата во развојот на квалитетот на здраствена заштита и нивна еволуација.

Денес постои една широка лепеза на меѓународни организации кои имаат влијание во развојот и имплементацијата на регионалните, националните и меѓународните стратегии за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Меѓу највлијателните организации е Заедничкиот комитет за акредитација на здравствените организации и институции во здравството со седиште во САД, како и Меѓународното здружение за обезбедување на квалитет на здравствената заштита (ISQUA). Во Европа лидер во оваа област е Европското здружение за квалитет на здравствената заштита (ESQH), Советот на Европа и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Историјат 7

Развој Европа

Советот на Европа во 1988 год. како рамка за споредување и координирање на активностите кои се преземаат во различни земји ја предложи програмата  „Димензии на системот за унапредување на квалитетот". Истата година се постигна договор за соработка во областа на унапредување на квалитетот на здравствената заштита, додека во Мај 2000 год. Европската Унија ја усвои новата здравствена политика која ги зема во предвид препораките за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Советот на Европа во 2006 год. ги усвои основните препораки за безбедност на пациентите како мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Овие препораки исто така опфаќаат и едукација за безбедност на пациентите преку стимулирање на истражувањата во оваа област, како и соработка на национално и меѓународно ниво.

Историјат 8

Здравје 21 - здравје за сите во 21 век

Регионалниот комитет за Европа на СЗО кој ги опфаќа делегациите  на Министерствата за здравство на земјите членки во 1998 год. го усвои документот „Здравје 21- здравје за сите во 21 век”, кој има 21 цел.

Цел 16 „Управување со квалитетот на здравствената заштита” содржи неколку заклучоци меѓу кои и следниот:

  • До 2010 год. сите земји членки потребно е да имаат еден државен механизам за постојано следење и унапредување на здравствената заштита за најмалку десет најбитни здравствени состојби, вклучувајќи го мерењето на здравствениот учинок, исплатливоста и задоволството на пациентите.
  • Во септември 2009 Советот на Европа донесе препорака во врска со безбедноста на пациентите и во тие рамки и за превенција и контрола  на заразните заболувања.