Проценка на здравствената технологија (ПЗТ) - Health Technology Assessment (HTA)

ПЗТ НТА

Под поимот здравствена технологија спаѓаат лекови, медицински производи и здравствени постапки кои се применуваат при превенции, дијагностика, лечење или рехабилитација.

ПЗТ 1

Процена

Процената на здравствената технологија претставува мултидисциплинарен, стручен, непристрасен, објективен, темелен на медицината базирана на докази, транспарентен процес на проценка на новите или веќе постоечките здравствени технологии во споредба со “златниот стандард‘‘ или вообичаената пракса. Самата проценка претставува алатка за рационализација на здравствениот систем и спречување на корупција во здравството. Процената на здравствената технологија HTA претставува системска проценка на својствата, ефектите и влијанието на технологијата врз здравствената заштита. Таа може да делува директно (како што се последиците од технологијата) и индиректно ( нивните ненамерни резултати).

ПЗТ 2

Основна цел на процената е давање на препорака за оправданоста на користење на новите технологии или замена на старата технологија со нова како помошно средство при носење на финално објективните одлуки во иднина (Evidence-based health care policy and decision-making).

ПЗТ 3

Цели

  • Примарна цел на HTA е да врши информирање за донесените одлуки кои се однесуваат на локалното, регионалното и националното ниво во здравствената заштита. Ваквите одлуки може да се однесуваат за набавките, финансирањето или при соодветна употреба на здравствената технологија.
    Основна цел на процената е давање на препорака за оправданоста на користење на новите технологии или замена на старата технологија со нова како помошно средство при носење на финално објективните одлуки во иднина (Evidence-based health care policy and decision-making).
  • Секундарна цел на HTA е да се даде придонес во глобалното знаење во проценката на специфичните технологии. Исто така HTA обезбедува и изворен материјал кој е потребен за истражување, припреми на упатства и други документи.

ПЗТ 4 поднаслов

Дефиниција за Проценка на здравствената технологија (HTA) влијанието

Ако целта на HTA е да влијае на одлуките, за описот на неговото влијание мора да се земе во предвид дали информациите кои се добиени имаат некаков ефект врз носителите на одлуките и нивниот начин на делување.

Според се HTA влијанието се дефинира како секоја акција или активност  која може да биде веродостојна и поврзана со информации дадени од страна HTA носители на одлуки.

ПЗТ 5 содржина

Содржина

Содржината на еден HTA документ треба во својот состав да содржи:

  • Опис на здравствениот проблем и начинот на неговото отстранување;
  • Опис на новата здравствена технологија и споредба со старата технологија;
  • Сигурност (несакани ефекти);
  • Клиничка ефективност;
  • Трошоци и ефикасна евалуација;
  • Етички начела;
  • Организациски, социјални и правни начела;

ПЗТ 6 корисници

Корисници

Главни корисници за проценка на здравствената технологија се:

  • Министерството за здравство;
  • Носителите на здравствени осигурителни полиси;
  • Управата на здравствените установи.

ПЗТ 7 засегнати

Засегнати страни

Засегнати страни во самиот процес се :

  • Здруженијата на пациенти;
  • Давателите на здравствени услуги- Здравствените професионалци;
  • Носителите на здравствените осигурителни полиси;
  • Здравствена индустрија (фармацевтски куќи и произведувачи на медицински апарати).

ПЗТ 8 слика

Во Европа одговорна за одржување на функцијата на научно-техничка соработка на  HTA мрежата е EUnetHTA. Според Директивата 2011/ 24/ ЕУ која е наменета за примена на правата на пациентите, со членот 15 се предвидува дека Унијата ќе ја подржува и унапредува соработката помеѓу националните тела и телата кои се одговорни за проценка на здравствената технологија.

ПЗТ 9 ЕУ Рамка

Рамка на ЕУ: Временската рамка за постигнување на одржлива и постојана мрежа на HTA

До сега се преземени неколку заеднички акции од кој последната заедничка акција Joint Action 3 која има за цел да го дефинира и спроведува одржливиот модел за научно-техничка соработка при проценка на здравствената технологија (HTA) во Европа. Преку заедничката акција ќе се зголеми употребата, квалитетот и ефикасноста на заедничката соработка HTA на европско ниво.

На овој начин EUnetHTA ги поддржува сите извори во здравството засновани на одржливи и правични докази. Соработката на EUnetHTA се состои од 81 организации од 29 земји и притоа е формирана мрежа на силни партнери ширум Европа кои, заедно го подобруваат пристапот до здравствените технологии кои се наменети за европските граѓаните.