Процена
Процената на здравствената технологија претставува мултидисциплинарен, стручен, непристрасен, објективен, темелен на медицината базирана на докази, транспарентен процес на проценка на новите или веќе постоечките здравствени технологии во споредба со “златниот стандард‘‘ или вообичаената пракса. Самата проценка претставува алатка за рационализација на здравствениот систем и спречување на корупција во здравството. Процената на здравствената технологија HTA претставува системска проценка на својствата, ефектите и влијанието на технологијата врз здравствената заштита. Таа може да делува директно (како што се последиците од технологијата) и индиректно ( нивните ненамерни резултати).