За агенцијата

1

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи согласно Законот за здравствената заштита е основана во 2013 година, од страна на Владата на Република Северна Македонија како независен орган на државната управа, а со работа започна во јули 2014 година.

Агенција -основно 1

Основни информации

Основната дејност на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи се состои од вршење на стручни и развојни работи поврзани со постапката на акредитација и постојано унапредување на квалитет на здравствена заштита како што се: развивање на стандарди за акредитација, проценка на квалитетот на работење на здравствените установи (акредитација), издавање на сертификати на акредитирани здравствени установи и нивна евиденција.

Во своето работење, агенцијата клучниот фокус го насочува кон сестрано унапредување на квалитет и безбедност на пружање на здравствена заштита, со помош на претходно утврдени механизми за евалуација на квалитет и акредитација во здравството. Како клучен чинител во здравствениот систем, напорите на Агенцијата се постојано ориентирани кон промоција на димензијата на квалитет и акредитација со цел чекорење со постоечките современи трендови.

Агенција - Визија

Визија

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи претставува водечка институција во процесот на следење на квалитетот на здравствената заштита, и еден од клучните aктери во здравствениот систем на Република СевернаМакедонија кој допринесува во континуираното унапредување на квалитетот на здравствената заштита, а во интерес на безбедноста на пациентите и благосостојбата на сите граѓани на Република Северна Македонија. Посебна задача на Агенцијата е да обезбеди постапка на акредитација на здравствените установи и да допринесе за поголема ефикасност на здравствениот систем.

Агенција - Мисија

Мисија

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи обезбедува квалитет и безбедност во здравствената заштита преку процесот на акредитација и реакредитација на здравствените установи. Ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита во здравствените установи, прави проверка на имплементацијата на стандардите и дава стручна помош на здравствените установи за успешна припрема до постапката на надворешно оценување и следењето на одржувањето и унапредувањето на здравствената заштита пoсле акредитацијата.

Агенција принципи 4

Принципи

Работата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи се заснова врз следните принципи:

  • Потполна посветеност на потребите на пациентите и здравствениот систем;
  • Усогласеност со највисоките етички стандарди на транспарентност, почитување, интегритет, ефикасност и ефективност;
  • Стремеж за постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита, фокусирана на пациентот, неговото семејство и најблиското опкружување;
  • Постојано унапредување на знаењето и вештините на сите вработени.

Агенција Историја

Историјат на АКАЗУМ

Институцијалните напори за создавање на систем за унапредување на квалитетот на здравствената заштита во Република Северна Македонија , а во тие рамки и отпочнување на процесот на акредитација, започнува со донесување на Решение за формирање на работна група од претставници на Министерство за здравство на 05-ти јануари 2010 година. Целта на формирањето на оваа работна група била да ги започне подготвителните активностите за воспоставување на систем за унапредување на квалитетот во здравството. Поради поефикасна координација на активностите поврзани со унапредување на квалитетот на здравствената заштита, во рамките на Министерството за здравство во декември 2011 година се формираше Сектор за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Секторот имаше привремен карактер и требаше да ги координира на национално ниво сите активности поврзани со квалитетот се до формирање на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.

Претставниците на Секторот за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги како членови на Работната група за изработка на новиот Закон за здравствена заштита, предложи и ги изработи законските одредби на новото поглавје за квалитетот на здравствена заштита.

Во рамките на овој закон кој влезе во сила во Мај 2012 година, се постави законска рамка за спроведување на активностите  за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и за формирање и функционирање на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.

Во јули 2014 година почна со работа Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, која што на национално ниво ги координира политиките и активностите за следење и унапредување на квалитетот на здравствена заштита.