Историјат на АКАЗУМ
Институцијалните напори за создавање на систем за унапредување на квалитетот на здравствената заштита во Република Северна Македонија , а во тие рамки и отпочнување на процесот на акредитација, започнува со донесување на Решение за формирање на работна група од претставници на Министерство за здравство на 05-ти јануари 2010 година. Целта на формирањето на оваа работна група била да ги започне подготвителните активностите за воспоставување на систем за унапредување на квалитетот во здравството. Поради поефикасна координација на активностите поврзани со унапредување на квалитетот на здравствената заштита, во рамките на Министерството за здравство во декември 2011 година се формираше Сектор за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Секторот имаше привремен карактер и требаше да ги координира на национално ниво сите активности поврзани со квалитетот се до формирање на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Претставниците на Секторот за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги како членови на Работната група за изработка на новиот Закон за здравствена заштита, предложи и ги изработи законските одредби на новото поглавје за квалитетот на здравствена заштита.
Во рамките на овој закон кој влезе во сила во Мај 2012 година, се постави законска рамка за спроведување на активностите за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и за формирање и функционирање на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Во јули 2014 година почна со работа Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, која што на национално ниво ги координира политиките и активностите за следење и унапредување на квалитетот на здравствена заштита.