European Autumn School on Quality of Care and Patient Safety, во организација на Светската здравствена организација

28.10.2025

Во периодот од 20 до 24 октомври, во Атина се одржа 3rd European Autumn School on Quality of Care and Patient Safety, во организација на Светската здравствена организација (СЗО). Настанот ги обедини лидерите во здравството од Европскиот регион на СЗО со цел да разменат искуства и да разговараат за унапредување на квалитетот на грижата и безбедноста на пациентите.

Голема чест беше нашата Директорка на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи да биде дел од овој значаен настан, заедно со претставници од 22 земји, сите посветени на подобрување на квалитетот и безбедноста во здравствената заштита.

Галерија