Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Северна Македонија (АКАЗУМ) е самостоен и независен орган на државната управа со својство на правно лице, чија примарна цел е вршење на управни, стручни и развојни работи поврзани со акредитацијата на работата на здравствените установи.
Цели 1
Почеток
Агенцијата започна со работа во јули 2014 година. За остварување на своите должности, надлежности и одговорности во поглед на унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита и акредитација на здравствени установи, Агенцијата своето работење го заснова врз Законот на здравствена заштита.
Цели 2
Цели и задачи
Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи е фокусирана пред се во насока на реализирање на следните цели и задачи:
- Постојано унапредување на квалитетот на здравствените установи;
- Едукација и обука на медицинскиот персонал во врска со квалитетот;
- Помош при изработка на клинички упатства и протоколи;
- Намалување на ризици и грешки во здравствените установи во насока на зголемување на безбедноста при лекување;
- Акредитација на здравствените установи;
- Евалуација и избор на постоечката технологија и воведување нови потребни технологии за здравствениот систем.