Goals and objectives

1

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Северна Македонија (АКАЗУМ) е самостоен и независен орган на државната управа со својство на правно лице, чија примарна цел е вршење на управни, стручни и развојни работи поврзани со акредитацијата на работата на здравствените установи.

Цели 1

Почеток

Агенцијата започна со работа  во јули 2014 година. За остварување на своите должности, надлежности и одговорности во поглед на  унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита  и акредитација на здравствени  установи, Агенцијата своето работење го заснова врз Законот на здравствена заштита.

Цели 2

Цели и задачи

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи е фокусирана пред се во насока на реализирање на следните цели и задачи:

  • Постојано унапредување на квалитетот на здравствените установи;
  • Едукација и обука на медицинскиот персонал во врска со квалитетот;
  • Помош при изработка на клинички упатства и протоколи;
  • Намалување на ризици и грешки во здравствените установи во насока на зголемување на безбедноста при лекување;
  • Акредитација на здравствените установи;
  • Евалуација и избор на постоечката технологија и воведување нови потребни технологии за здравствениот систем.