Билјана Димитрова

Директор - Билјана Димитрова
Агенција
Director

Согласно одлука на Владата на Република Северна Македонија од 1ви Октомври 2024 година дипл.фарм Билјана Димитрова е назначенa како вршител на должност, Директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

 

Биографија

Родена во Скопје на 04.02.1979 година.
 

 

Образование

  • Средно образование: Гимназија Јосип Броз Тито-Скопје
  • Дипломирала во 2005 година на Фармацевтскиот факултет на Државниот Универзитет Св.Кирил и Методија во Скопје. 

 

Работно искуство

  • 2008 година - Министерството за здравство-Биро за лекови, во Одделението за инспекција и лиценцирање на прометот на големо и мало со лекови и медицински средства.
  • 2014 година  - Со формирање на Агенцијата за лекови и медицински средства-МАЛМЕД, како независен регулаторен орган, продолжува во Секторот за информации со лековите и медицинските средства.
  • 2024 година до октомври - Како  советник во Одделот за лиценцирање и работи во делот  прометот со лекови,  следење на потрошувачката со лекови,  и како менаџер за квалитет на Агенцијата.
  • Активно учествувала и во работни групи за подготвување на предлог Закони и подзаконски акти. 
  • Активно учествувала во меѓународни проекти за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата, процесот на скрининг како член на работната група за поглавјето 28 при Министертсвото за здравство,  како и во студиски посети во земји од Европската Унија за подобрување на капацитетите на Агенцијата за лекови и медицински средства.

 

Познавање на странски јазици

Англиски, Српски и Хрватски

Information technology
Has standard knowledge of information technologies.