Индикатори на квалитет

indikatori

Индикаторите за квалитет претставуваат квантитативен инструмент кој се користи за следење и евалуација на квалитетот на негата и лекувањето на пациентите, како и за поддршка на активностите за здравствена заштита.

Индикаторот претставува квантитативна вредност која може да биде волумен, количина или процент. Преку следење на индикаторите може да се измери изведбата на структурата, процесите и резултатите (исходот). Со помош на индикаторите една квалитативна изјава (како што е изразена во стандардите), може да се преведува во квантитативна изјава.

Индикатори 2

Индикатори

Индикаторите можат да се користат за проценка на достигнувањата во однос на зададени цели поврзани со унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Сетот на индикаторите за болничките здравствени установи се состои од индикатори за:

  • Болничката установа во целина;
  • Педијатрија;
  • Гинекологија;
  • Хирургија;
  • Интернистички гранки.

Индикатори 3


Во рамки на овој сет има и индикатори за безбедност на пациенти, како и индикатори за задоволство на корисниците на услугите на здравствената заштита и задоволство на вработените.

Индикатори 4

Дефиниција

Индикаторите претставуваат елементи за мерење на учинокот кои се користат како упатства во процесот на следење, оценување и унапредување на квалитетот. Индикаторите може да се дефинираат како мерни инструменти кои се користат за мерење на изведбата на одредени функции и процеси . Индикаторот претставува квантитативна вредност (може да биде волумен, количина или процент), за мерење на изведбата во одреден период. Преку следење на индикаторите може да се измери изведбата на структурата, процесите и резултатите (исходот).

Индикатори 5

Квантитет

Преку индикаторите една квалитативна изјава (како што е изразена во стандардите), може да се преведува во квантитативна изјава.

Индикаторите за квалитет претставуваат квантитативни инструменти за мерење, кои се користат за следење и евалуација на квалитетот на негата и лекувањето на пациентите, како и за поддршка на активностите за здравствена заштита.