PUBLIC EN Јавен конкурс/повик за избор на надворешни оценувачи

10/01/2021 - 10:00

Врз основа на член 243 од Законот за здравствена заштита (Сл. Весник на РМ бр. 37/16) во кој се уредува постапката за акредитација на здравствените установи, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи распишува:

Јавен конкурс/повик за избор на надворешни оценувачи во постапката за акредитација на здравствените установи

1. Конкурсот се распишува за избор на вкупен број на 55 надворешни оценувачи и тоа:
– 25 доктори по медицина/стоматологија
– 15 медицински сестри/акушерки/лаборанти/техничари (да се одреди по колку од секој работен профил)
– 15 лица со ВСС, кои имаат работно искуство во здравствениот сектор

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– Да се државјани на Република Северна Македонија
– Активно да го зборуваат македонскиот јазик

Посебни услови:
– Да имаат соодветно образование согласно категориите за кои е објавен огласот,
– Да имаат најмалку 3 години работно искуство во здравствениот сектор
– Способност за организација, тимска работа, одлична комуникација, стратешка свест, ориентираност кон засегнатите страни, исполнување и имплементирање на дадени задачи.
– Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office, Internet)

Претходно искуство во областа на квалитет и акредитација на здравствени установи, ќе се смета за предност.

Кандидатите потребно е да достават апликација (пријава за огласот) и кратка биографија.

Кандидатите кои ќе бидат избрани, ќе бидат повикани на интервју и при спроведување на истото потребно е на увид да достават доказ за завршено образование и работно искуство.

Ненавремено доставените пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Кандидатите кои ги исполнуваат горе наведените услови ќе бидат повикани на интервју, по што ќе следи конечен избор.
Селектираните кандидати потребно е да посетуваат обука за надворешно оценување спроведена од страна на АКАЗУМ.

Пријавите да се доставатна следнава адреса: Бул. Гоце Делчев бр.8, Зграда на МРТВ, 13ти спрат АКАЗУМ, со назнака Јавен конкурс за НО или на e-mail akazum@zdravstvo.gov.mk, најдоцна до 01.11.2021година