Announcement EN до ординации од Примарна здравствена заштита

01/01/2022 - 11:00

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи Ве известува дека започнува со акредитација на ординации од Примарна здравствена заштита, односно ординации по општа/семејна медицина, ординации по педијатрија и ординации по гинекологија и акушерство.
Процесот на акредитација се спроведува врз основа на однапред утврдени стандарди за акредитација.
Стандардите за акредитација на ординации од ПЗЗ се усвоени од страна на Владата на РСМ на 130 седница одржана на ден 28 декември 2021 година и објавени во Службен весник бр.20 од 28 јануари 2022 година.
Врз основа на член 243 од Законот за здравствена заштита сите здравствени установи имаат обврска да пристапат кон процесот на акредитација.
За подетални информации околу пристапување кон процесот на акредитација сите засегнати здравствени установи треба да остварат контакт со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи .

Контакт лица:
-Лирим Исахи кон. Тел – 076/446-472
-Загорка Батункова кон. Тел – 070/509-386, zagorka.batunkova@zdravstvo.gov.mk
-Tања Дарковска Крстиќ кон. Тел – 070/689-260, tanja.darkovska@zdravstvo.gov.mk
-Тодор Шапов кон. Тел – 075/237-860, todor.shapov@zdravstvo.gov.mk