FAQ

Акредитацијата претставува постапка на оценување на квалитетот на работата на здравствените установи врз основа на применување на оптималното ниво на утврдените стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

Процесот на акредитација опфаќа пет карактеристични етапи:

  • Подготовката на здравствената установа
  • Самооценувањето
  • Оценувањето на надворешните оценувачи на прилагоденоста на работата на установата со стандардите за акредитација
  • Спремањето на финалниот извештај и одлуката за доделување на акредитација од страна на АКАЗУМ.
  • Континуираната процена и следењето на извршување на планот за унапредување на квалитетот.

Потребни се

Формулар за апликација за акредитација

Водич за самооценување

Барање за изземање од стандарди