Надворешното оценување се спроведува од страна на независни надворешни оценувачи. Надворешно оценување претставува оценување на квалитетот на работата на здравствените установи во однос на утврдените стандарди за одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината, од страна на обучените надворешни оценувачи кои ги именува Агенцијата.
акредитација надворешни 1
Лиценцирање
Надворешните оценувачи се соработници на АКАЗУМ кои се лиценцирани од страна на агенцијата. Кандидатите за надворешни оценувачи се стекнувааат со сертификат за лиценциран надворешен оценувач преку поминување на обука и полагање на испит за оценување на стекнатото знаење од обуката. Курикулумот за обука на надворешни оценувачи е акредитиран од страна на Медицински факултет при УКИМ , а обуките се реализираат во соработка на АКАЗУМ и Медицински факултет при УКИМ.
Досега АКАЗУМ има спроведено обука на две групи на кандидати за надворешни оценувачи при што со сертификат се стекнале 48 надворешни оценувачи
акредитација надворешни 2
Профил на оценувачи
Со цел во надворешното оценување да бидат опфатени сите можни аспекти на работењето на здравствените установи,надворешните оценувачи се од различни профили како:медицински персонал (доктори,медицински сестри), психолози, социјални работници, правници, економисти, машински инжинери.
АКАЗУМ спроведува континуирани обуки за надградување на знаењата и вештините на надворешните оценувачи за процесот на акредитација.