Клиничката патека се дефинира како прифатена и усогласена методологија на пружање на здравствената услуга за добро дефинира група на болни (пациенти) во рамки на јасно одреден период (епизода) од лекувањето. (Европско здружение за клинички патеки Љубљана 2005).
Патека 2
Карактеристики на клиничките патеки
Клиничката патека е личен документ на пациентот кој го прикажува редоследот на стандардните клинички процедури во процесот на обработување на неговиот здравствен проблем од почеток до крај на една епизода од лекувањето.
Патека 3
Содржина и цел
- Содржината на клиничката патека се базира на соодветно клиничко упатство или на локалната клиничка пракса на здравствената установа каде се применува.
- Стручната содржина на клиничката патека неможе битно да се разликува во рамки на различни институции во иста земја, ако на национално ниво се применува исто клиничко упатство, меѓутоа во примената на клиничките патеки може да има разлики, затоа конечната содржина на клиничката патека е единствена за секоја здравствена установа.
- Клиничките патеки имаат за цел да го имплементираат спроведувањето на праксата базирана на докази, подобрувањето на клиничките процеси со намалување на ризикот, намалување на дуплирањето преку употреба на стандардизирана алатка и намалување на варијациите во испорака на здравствени услуги.