Biljana Dimitrova

Директор - Билјана Димитрова
Agjencis ë
Drejtor
Telefonit

Согласно одлука на Владата на Република Северна Македонија од 1ви Октомври 2024 година дипл.фарм Билјана Димитрова е назначенa како вршител на должност, Директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Биографија

Родена во Скопје на 04.02.1979 година.


Образование

Средно образование: Гимназија Јосип Броз Тито-Скопје
Дипломирала во 2005 година на Фармацевтскиот факултет на Државниот Универзитет Св.Кирил и Методија во Скопје. 


Работно искуство

2008 година - Министерството за здравство-Биро за лекови, во Одделението за инспекција и лиценцирање на прометот на големо и мало со лекови и медицински средства.
2014 година  - Со формирање на Агенцијата за лекови и медицински средства-МАЛМЕД, како независен регулаторен орган, продолжува во Секторот за информации со лековите и медицинските средства.
2024 година до октомври - Како  советник во Одделот за лиценцирање и работи во делот  прометот со лекови,  следење на потрошувачката со лекови,  и како менаџер за квалитет на Агенцијата.
Активно учествувала и во работни групи за подготвување на предлог Закони и подзаконски акти. 
Активно учествувала во меѓународни проекти за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата, процесот на скрининг како член на работната група за поглавјето 28 при Министертсвото за здравство,  како и во студиски посети во земји од Европската Унија за подобрување на капацитетите на Агенцијата за лекови и медицински средства.


Познавање на странски јазици

Англиски, Српски и Хрватски

Информатички Технологии
Има општо познавање од информатички технологии.