Национален план за безбедност на пациентите 2024-2030

26.02.2025

Националниот план за безбедност на пациентите на Северна Македонија се заснова на сеопфатна процена на сoстојбата во Република Северна Македонија спроведена во декември 2022 година, со техничка поддршка од СЗО канцеларијата во Атина за квалитет на грижата и безбедност на пациентите.

Канцеларијата на СЗО во Атина за квалитет на грижата и безбедност на пациентите одигра клучна улога во проценката и во развојот на Планот, обезбедувајќи значајна експертиза за да се обезбеди нејзино усогласување со најдобрите практики и меѓународните стандарди во областа на квалитетот на грижата и безбедноста на пациентите.