02/26/2025 - 11:18
Националниот план за безбедност на пациентите на Северна Македонија се заснова на сеопфатна процена на сoстојбата во Република Северна Македонија спроведена во декември 2022 година, со техничка поддршка од СЗО канцеларијата во Атина за квалитет на грижата и безбедност на пациентите.
Канцеларијата на СЗО во Атина за квалитет на грижата и безбедност на пациентите одигра клучна улога во проценката и во развојот на Планот, обезбедувајќи значајна експертиза за да се обезбеди нејзино усогласување со најдобрите практики и меѓународните стандарди во областа на квалитетот на грижата и безбедноста на пациентите.