Надворешно оценување во ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „ПЛОДНОСТ“ – Битола

15.07.2025

Битола се препознава по врвните здравствени услуги на ПЗУ Специјалната болница по гинекологија и акушерство и ИВФ центар за хумана репродуктивна медицина „ПЛОДНОСТ“ – Битола. 

Тоа е првата приватна здравствена установа која во минатото го препозна процесот на акредитација, како алатка за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и се стекна со акредитација од 5 години.

Агенцијата за квалитет и акредитација во деновите 09, 10 и 11 Јули успешно спроведе  уште едно надворешно оценување во ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство и ИВФ центар за хумана репродуктивна медицина „ПЛОДНОСТ“ – Битола.

Тим од надворешни оценувачи изврши проценка на степенот на исполнетоста на стандардите за квалитет, безбедност и континуирано унапредување на квалитетот во обезбедување на здравствените услуги.

Агенцијата, изразува благодарност до сите членови на тимот за нивната професионалност, ангажираност и подготвеност, како и  голема благодарност на сите вработени за нивната посветеност, подготвеност и активна вклученост во процесот.
 

Галерија