Работни состаноци со Јавните здравствени установи

18.11.2024

Преку Акредитацијата на здравствените установи  се зголемува општата свест, за важноста и вредноста на квалитетот во пружање на здравствени услуги и подобро разбирање на развојот и примената на организациските и стручните политики и процедури.

Согласно годишниот план за работа за 2025 година на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во периодот од 04-11-2024 до 15-11-2024 година, се одржаа работни состаноци со Јавните здравствени установи и тоа:

  • ЈЗУ УК за Нефрологија-Скопје
  • ЈЗУ Кардиоваскуларни заболувања -Охрид
  • ЈЗУ Завод за физикална медицина и рехабилитација- Скопје
  • ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје
  • ЈЗУ УК за Уво, нос и грло-Скопје
  • ЈЗУ УК за Кардиологија-Скопје
  • ЈЗУ УК за Пулмологија и алергологија-Скопје
  • ЈЗУ УК за Уво, нос и грло-Скопје
  • ЈЗУ ОБ Гевгелија-Гевгелија
  • ЈЗУ УК за Неврологија-Скопје
  • ЈЗУ ОБ Струмица-Струмица
  • ЈЗУ ОБ Кочани-Кочани
  • ЈЗУ УК за Психијатрија-Скопје
  • ЈЗУ УК  за Дигестивна хирургија-Скопје
  • ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Скопје
  • ЈЗУ ГОБ 8 ми септември-Скопје
  • ЈЗУ УК за Детска хирургија-Скопје
  • ПЗУ Промедика-Скопје
  • ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Битола
  • ЈЗУ КБ Штип-Штип

Целта на  работните состаноци беше започнување на процесот на акредитација, дефинирање на тимовите за одвивање на процесот и временската рамка за отпочнување и  завршување на процесот на акредитација.