Во периодот од 23 до 25 октомври Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи , Фуркан Болеци беше во официјална посета на Република Турција.
При посетата беа остварени официјални посети во Министерството за здравство на Република Турција, како и беше одржан состанок во Коџаели со здравствениот директор др. Јуксел Пехлеван.
Исто така при посетата се одржа и состанок со Претседателката на Институтот за квалитет и акредитација при Министерството за Здравство на Република Турција (TÜSKA) Проф. Др. Фиген Чизмеџи Шенел и генералниот секретар проф. Др Ибрахим Кајрал и притоа се разговараше за состојбата на здравствените установи во Северна Македонија и Република Турција како и можноста за остварување на меѓу институционална соработка во областа на квалитетот и акредитацијата.
За време на посетата беше одржан состанок и со генералниот секретар на Турската агенција за акредитација (TÜRKAK) Бану Мудеррисоглу. Состанокот беше одржано во канцелариите на (TÜRKAK) каде што се разговараше за можностите за соработка меѓу двете институции.