Jump to Navigation

Учество на конгресот за учинок и квалитет во здравствената заштита- Анталија. Р. Турција

Во период од 01.03.2016 до 04.03.2016 год. во Анталија Р.Турција во организација на Министерството за здравство на Р.Турција, беше одржан „6-ти Конгрес за учинок и квалитет во здравствената заштита„.

На покана на организаторот, во овој конгрес учествуваа и двајца претставници од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи на Република Македонија, во состав: проф.д-р Елизабета Зисовска, директор на АКАЗУМ и Лирим Исахи, соработник.

Конгресот кој се оддржа под работен наслов „Квалитет,технологија и соработка кај клиничките процеси„, имаше за цел да овозможи споделување на знаењата во насока на подобрување на квалитетот на менаџирање на клиничките процеси и изнаоѓање  решениа за пружање на здравствени услуги во рамки на тимска работа и координирана соработка. Со свои предавања во Конгресот учествуваа експерти од областа на квалитетот во здравството, како професори,здравствени менаџери од Р.Турција, како и претставници на меѓународни организации кои во фокусот на нивните активности ги имаат токму прашањата поврзани со унапредување на квалитетот на здравствена заштита (како СЗО, ISQ-ua и др).

  Во рамките на стручниот дел на работата на Конгресот, со свое предавање учествуваше и директорот на АКАЗУМ, проф.д-р Елизабета Зисовска, која на еден опсежен и концизен начин ја образложи потребата од  системски пристап кон третирање на проблемите од областа на унапредување на квалитетот на здравствената заштита и во тие рамки и потребата од  формирање и зајакнување на капацитетите на АКАЗУМ. Проф.д-р Елизабета Зисовска исто така укажа на сите околности и потешкотии со кои се справува Агенцијата во почетокот на нејзиното формирање, како и ги елаборираше предизвиците, целите како и визијата  и мисијата на работењето на оваа институција во иднина, како и досегашните постигнати резултати.

Во периодот на одржување на Конгресот, директорот на АКАЗУМ проф.д-р Елизабета Зисовска, реализираше неколку билатерални средби со претставници на разни меѓународни и домашни организации и институции, како со претставници од Секторот за квалитет во рамки на Министерството за здравство на Р.Турција и претставници од новоформираната Агенција за акредитација на ЗУ на Р.Турција. Во разговорите кои се одвиваа во една пријателска атмосфера,беше констатирана добрата досегашна соработка и исто така беше изразена обострана подготвеност за продлабочување на понатамошна соработка.

Посебно конструктивни и делотворни беа средбите со претставниците на ISQ-ua, г-ѓа Jan Mackereth-Hill,менаџер за акредитација на ISQua, како и членот на Одборот за акредитација на ISQ-ua, г-дин Kumar Rana. На состанокот од страна на проф.Зисовска беше презентирана работата на АКАЗУМ, како и нашите зајакнати аспирации за акредитирање на стандардите и програмите за обука од страна на ISQ-ua, откако АКАЗУМ стана членка на ISQ-ua.  Претставниците на ISQ-ua, ја изразија нивната подршка и подготвеност за соработка со АКАЗУМ, во нашите заложби за остварување на нашите аспирации за акредитациија.

Посебна средба беше реализирана со претставничката на СЗО, проф д-р Liane Ginsburg, на која се разговараше за потребата на поблиска координација на активностите на АКАЗУМ со препораките на СЗО, во подготовката и спроведувањето на стратегијата на АКАЗУМ за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и подобрување на безбедноста на пациентите во процесот на пружењето на здравствената грижа.  



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut