Jump to Navigation

Работна посета на Агенција за акредитација на здравствени установи на Република Србија и Агенција за квалитет и акредитација на Република Хрватска

Во период од 06.11.2016 до 09.11.2016 год. во Скопје во организација на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи беше организирана работна посета на Агенцијата за акредитација на здравствени установи на Република Србија и Агенција за квалитет и акредитација на Република Хрватска.

Од Агенцијата за акредитација на здравствени установи на Република Србија претставници беа Директорот на агенцијата Владимир Арсеновиќ  и  раководителот на секторот за акредитација и унапредување на квалитет, Владо Давковски.

Од Агенција за квалитет и акредитација на Република Хрватска  на оваа работна посета присуствуваа Директорката Нина Мијатовиќ Бончиќ и помошник директор проф.д-р Јасна Месариќ.

Во рамките на оваа посета првиот ден беше организирана тркалезна маса на тема акредитација ,унапредување на квалитетот и безбедност на пациентите.

Тркалезната маса ја отвори Директорката на АКАЗУМ проф.др.Елизабета Зисовска со своја презентација ,преку која на еден опсежен и концизен начин ја претстави агенцијата, нејзиното формирање, развој и работа.

Потоа учевство со свои презентации земаа Директорката на ААЗ Нина Мијатовиќ Бончиќ, проф.Јасна Месариќ и директорот на АЗУС Владимир Арсеновиќ.

На тркалезната маса свое учевство земаа и претставници од АКАЗУМ Лирим Исахи, Загорка Батункова и Тања Дарковска Крстиќ.

Претставниците од агенциите на Република Србија и Република Хрватска беа поканети во просториите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи на Р.Македонија, каде се одржа продолжение на состанокот од претходниот ден, со опсежни дискусии на тема акредитација на здравствените установи.

За време на посетата директорот на АЗУС Владимир Арсеновиќ  и Директорката на АКАЗУМ проф.др.Елизабета Зисовска потпишаа меморандум за разбирање и соработка, како што веќе се потпишани од страна на директорите на регионалните агенции од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска и на Република Албанија. Тој меморандум ќе биде испратен на одобрување кај сите останати потписници.

Од страна на АКАЗУМ  во текот на оваа посета беше организирана и  посета на една акредитирана болница,  Специјалната болница за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, каде што беше презентирана работата на оваа институција. Посетата на оваа болница започна со работен состанок каде гостите од српската и хрватската агенција  имаа можност да се запознаат со директорите на болницата др.Оливер Зафировски и Ријад Алими кои ја претставија болницата и нејзиното функционирање.Потоа беше организирана обиколка на болницата.



Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

Улица: Гоце Делчев бр.8, зграда МТВ, спрат 13

Телефонски број: 02/312-0939 

                          

Документи

Услуги

Акредитација

Copyright © 2015 akazum.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut