Одделението за акредитација на здравствените установи
Одделението за акредитација на здравствените установи пред се е надлежно во креирање на политики и стратегии во однос на воспоставување на акредитацијата како механизам за потврда на нивото на квалитет на работење на здравствените установи. Во делокругот на ова одделение спаѓа целокупна реализација на процесот на акредитација кој подразбира дефинирање и развивање на стандардите за акредитација како и ревизија и унапредување на истите, организирање и спроведување на постапката за акредитација, која подразбира заради што соработува со Комисиите за внатрешно оценување во рамки на здравствените установи, спроведување обуки за надворешните оценувачи, водење на регистер на акредитирани здравствени установи и издадени сертификати.