Одделение за правни работи, управување со човечки ресурси, финансиско работење и административна поддршка
Одделението за правни работи, управување со човечки ресурси, финансиско работење и административна поддршка на Агенцијата врши работи кои се однесуват на подготвување на законски и подзаконски акти од областите во надлежност на Агенцијата, давање стручни мислења за примена на закони, други прописи и општи акти од областа на здравството, следењето и унапредување на квалитетот и акредитацијата, како и изготвува мислења по прашања по кои се донесуваат одлуки на ниво на Агенцијата. Истовремено врши работи на изготвување и проучување на правни и управно-правни акти кои се однесуваат пред се на проблематиката на следењето и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и акредитацијата на здравствените установи, постапува по предмети од општа управна постапка, кои вклучуват постапување по однос на заклучок од Влада на Република Македонија. Врши работи кои се однесуваат на архивското работење и управувањето со човечки ресурси како и работи во врска со буџетското работење во смисла на изготвување, следење и реализација на буџетот.