27.09.2022
Во деновите 26, 27 и 28 септември на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство- Скопје, од страна на овластени надворешни оценувачи се спроведува надворешно оценување, кое преставува најважен дел од процесот на акредитација на здравствената установа.
При самото оценување присуствуваа и претставници од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи на Република Северна Македонија.