12.12.2022
Во рамките на мисијата на СЗО во периодот 12-16 Декември 2022 година која спроведува Техничка мисија во областа на Безбедност на пациентите и квалитет на здравствената заштита, претставниците на СЗО, Г. Тино Марти (Центар за квалитет на нега на СЗО во Атина) и Г. Волтер Фонсека (Меѓународен експерт на СЗО) остварија средба во просториите на агенцијата со директорката д-р Мерхал Исмаили на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи . Eдна од целите на посетата е и проценка на работата на Агенцијата и давање на понатамошни насоки со цел зајакнување на капацитетите на Агенцијата.